Сараево и Софија утрово најзагадени градови во светот, каде е Скопје?

од Vladimir Zorba

Според порталот IQAir, Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, утрово бил град со најзагаден воздух во светот.

Швајцарскиот IQAir има повеќе од 10 илјади мерни станици низ целиот свет и прикажува мапи за квалитетот на воздухот, а првото место на табелата на најзагадените градови утрово беше босанскиот главен град. Индексот за квалитет на воздухот во моментов е 305, објавија сараевските медиуми.

На второ место е Софија, главниот град на Бугарија со Индексот за квалитет на воздухот 191, а на трето место е косовска Приштина со 182.

Од регионот Белград е на 10-то место, додека Загреб е на 23-то место.

Скопје на оваа листа на IQAir се најде на 95-тото место.

Слични содржини