Сараево ќе добие улица „Бил Клинтон“

од Nikola Popovski

Сараево наскоро може да ја добие улица со името на Бил Клинтон, 42-от претседател на САД.

Станува збор за иницијатива на кантонскиот пратеник Харис Захирагиќ, која денеска беше усвоена од Собранието на кантонот Сараево, објави порталот Кликс.ба.

„Поднесувам иницијатива за преименување на улицата „Пут Живота“ (Општина Ново Сараево) или дел од улицата „Пут Живота“ (од страната на улицата до Амбасадата на САД) во улица „Булевар Бил Клинтон“ или да се додаде името Бил Клинтон на постојното име на улица“, стои во иницијативата.

Порталот потсетува дека Клинтон беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, вклучително и во времето на склучување на Дејтонскиот мировен договор за БиХ, кој беше со посредство на Американците.

Слични содржини