Сари бесен: Играчите играат без душа, тешко е да ги мотивирам

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, беше бесен откако загуби со 0-2 при гостувањето кај Арсенал и призна дека неговите играчи се тешки за мотивирање и мисли дека тоа е голем проблем.

„Се соочивме со тим кој беше многу помотивиран од нас, и на крајот тоа беше причина да не победиме“, рече лутиот Сари за „Sky Sports“.

„Ова е многу загрижувачки и не за прв пат ни се случува. Нашиот тим е исклучително тежок за мотивирање и откако изгубиме мотивација почнуваме да не го покажуваме оној фудбал кој го сакам и кој треба да го покажуваме“.

„Моментот е деликатен и психолошки. Во почетокот играчите разбраа одлично што сакам од нив и резултатите беа присутни, а сега работите не се така. Во претходните средби реализиравме во почетокот на натпреварите, а сега ни е тешко и се бориме. Проблемот е во главите на играчите“.

„Играчите играа без душа во овој меч. Тешко е да ги мотивирам. Се надевам дека работите ќе бидат подобрени“, заврши Сари.

Слични содржини