Сари: Ќе биде одлично да се соочам со Мурињо во ЛШ, го почитувам многу

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, посака неговиот тим да го пречека водениот од Жозе Мурињо Тотенхем во следната фаза од Лигата на шампионите.

Ждрепката за осминафиналето на турнирот е во понеделник на 16 декември.

Минатата сезона Сари ја освои Лигата на Европа со Челзи, додека Мурињо, кој двапати ги водеше „сините“, не успеа да го крене европскиот трофеј со нив, но го освои „турнирот на богатите“ со Порто и Интер.

„Имав чест да се запознаам со Мурињо и јас го почитувам неверојатно многу. Да се ​​запознаам со него беше вистинско задоволство и би било убаво да се соочам со него, иако тоа никогаш не е лесно“, изјави Сари на адреса на Португалецот.

Слични содржини