Саркози се соочува со казна затвор од 10 години

од Nikola Popovski

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денес, во продолжение на судењето за корупција и трговија со влијание, ги оценил обвинувањата против него како „срамни“.

„Не признавам на ниту едно од оние срамни (обвинувања) против кои бев прогонуван шест години (од судството)“, истакнал Саркози во обраќањето пред судот во Париз.

Со обвиненијата за мито и трговија со влијание, Саркози би можел да биде осуден на 10 години затвор и казна од еден милион евра.

Судењето продолжи денеска по паузата минатата недела, поради отсуството на судијата Гилберт Азибер.

Обвинителството тврди дека Саркози му ветил на судијата Азибер добро платена работа во Монако во разговор со неговиот адвокат Тиери Ерзог, во замена за инсајдерски информации за посебна истрага за добивање нелегални средства за претседателската кампања во 2007 година.

Заради епидемиолошката состојба засега не е познато колку ќе трае судењето, кое претходно беше планирано да заврши во рок од три недели.

Слични содржини