Саша Барон Коен запеа на десничарски митинг во Вашингтон: „Заразете го Обама со грипот од Вухан“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Британскиот комичар Саша Барон Коен упадна на митинг на десничари во Вашингтон.

Тој испеа песна со расистичка содржина за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација, со цел да ги исмее организаторите на собирот.

Собирот на екстремни десничари „Три проценти“ наречен „Марш за нашите права 3“ собра околу 500 учесници во паркот „Херетиџ“ во Вашингтон во саботата, пренесува „Венити фер“.

Коен се појави делумно преправен и се претстави како лидер на политичка организација што сака да биде покровител на собирот.

Тој зеде со себе приватно обезбедување, што им оневозможи на организаторите на собирот да го исфрлат од сцената и да го исклучат микрофонот кога започна да пее, пренесува „Варајети“.

Слични содржини