Почетна / TOP NEWS / Сатурн ја надмина Јупитер како планета со најмногу месечини

Сатурн ја надмина Јупитер како планета со најмногу месечини

Американски истражувачи објавија дека Сатурн ја надмина Јупитер како планета со најмногу месечини, пренесува Би-би-си.

Тим на истражувачи открил 20 нови месечини кои орбитираат околу планетата, со што вкупниот број се искачи на 82. Спротивно на тоа, Јупитер има 79 природни сателити.

Месечините беа откриени со помош на телескопот Субару на Маунакеа, Хаваи.

Секое од новооткриените објекти во орбитата околу Сатурн е со дијаметар од приближно пет километри. Седумнаесет од нив орбитираат околу планетата „наназад“. Останатите три месечини орбитираат во иста насока како што ротира Сатурн.

– Проучувањето на орбитите на овие месечини може да го открие нивното потекло, како и информации за состојбите околу Сатурн во моментот на неговото формирање – рече д-р Скот Шепард, кој го водеше тимот.

loading...