Саудиска Арабија кривично ќе ги гони убијците на Кашоги

од desk2

Саудиска Арабија кривично ќе ги гони осомничените за убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави саудискиот министер за надворешни работи, како одговор на турскиот повик за нивна екстрадиција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на екстрадиција на 18 саудиски државјани за кои властите сметаат дека се вмешани во убиството на Кашоги.

Откако претходно Ријад негираше вмешаност во убиството на новинарот, сега властите признаа дека убиството е извршено со предумисла, но негираа дека принцот престолонаследник Мухамед е вмешан во тоа.

Кашоги за последен пат е виден во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул каде отишол да ги доврши документите за венчавка со неговата турска свршеница Хатиџе Ченгиз. Таа побара казна за сите вмешани во убиството, пренесува AFP.

Слични содржини