Савески: Tврдам дека никој не ми влијаел за одлуката за притворот на Мандиќ

од Берта Китинска

Судијата по претходна постапка Ненад Савески за МИА изјави дека дека никој не му влијаел за одлуката во предметот „Меѓународен сојуз“ за обвинетата Јасна Мандиќ, коментирајќи ја наводната комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ и наводните влијанија врз него.

– Ви тврдам со мојот личен и професионален интегритет дека ниту во овој предмет ниту во кој било друг, ниту некој ми се јавил, ниту некој на каков било начин ми се обратил да побара да влијае да јас донесам одлука за конкретен предмет. Во овој предмет такво нешто немало. Ова е сериозен напад на мојот углед како судија кој го градам од 2009 година во правосудството, истакна Савески за МИА.

Тој нагласи дека дека е согласен да се даде на вештачење на неговиот телефон да се утврди дали со некој, како што вели, конкретниот ден, пред тоа или после тоа имал комуникација со личност што може да се претпостави дека влијаела на предметот. -Таква ситуација немаше, ниту во овој ниту во друг случај, дециден е Савески и повика на контрола од страна на Судскиот совет.

-Јавно го повикувам Судскиот совет да изврши контрола врз тој предмет да се види како сум ја донел јас таа одлука. Во предметот од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција имаше предлог одредување мерка притвор, јас го одбив таквиот предлог и определив куќен притвор и тука се јави моето чуство на непријатност. Одлуката за куќен притвор јас ја донесов, меѓутоа таа одлука е донесена врз основа на докази и околности врзани со личните и семејни материјални прилики кај обвинетата за кои одбраната мене ми достави материјални докази и во случајов применет е комплетно законот за КП како и меѓународните стандарди кои произлегуваат од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи, конкретно член 5 и 6 од Конвенцијата, истакна Савески.

Одлуката, појасни судијата за МИА, кога ја донел и се до моментот додека била потпишана не можел никој да знае дека ја донел, освен тој.

-Таа одлука во исто време ја слушнаа Јавниот обвинител,  обвинетата и адвокатот во мојата канцеларија и вербално им беше образложена мојата одлука, додаде Савески.

Слични содржини