Савова ми препорача да ја прекинам истрагата против Камчев, тврди Стефанова

од Stefanija Kuzmanovska

На денешното судење за „Рекет“ сведочеше обвинителката Лиле Стефанова која раскажа со какви притисоци се соочила веднаш по отворањето на истрагата против Орце Камчев, Сашо Мијалков и останатите од осомничената група.

„Во ноември 2018 година го викнав осомничениот Камчев во СЈО од притвор. Во моментот додека стручниот соработник го носеше адвокатот во просторијата, Камчев искористи еден момент и ми извади еден лист хартија од џеб и рече: „Читај за да се запознаеш со мене“. Горе на листот стоеше лого „Аџибадем Систина“. Текстот беше напишан од Наташа Савова. Ми беше препорачано да разговарам со Сашо Мијалков за тие да бидат ослободени од оваа истрага. Камчев ми укажа дека многу луѓе се околу него и може да влијае на истрагата“, сведочеше Стефанова.

Денешното судење за „Рекет“ заврши со отрстранување на Катица Јанева поради тоа што упати погрдни зборови кон Стефанова.

 

 

Слични содржини