СДК: Македонија ќе добие вакцина против Ковид за 400 илјади луѓе, првите пристигнуваат во март

од Vladimir Zorba

Ковакс договорот што го има потпишано Македонија предвидува вкупно 833.000 дози од вакцината против ковид-19 за 20 отсто од населението, бидејќи е потребно да се примат по две дози. Сепак, овие 833.000 дози нема да стигнат сите одеднаш, вели претседателката на Комисијата за имунизација д-р Александра Грозданова, туку со динамика и план согласно нашите капацитети, а според неа, првите дози реално би требало да се очекуваат во првото тромесечие (јануари-март) од следната година, пренесе СДК.

„Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација“, вели д-р Грозданова.

Слични содржини