СДММ организира јавна трибина за легализација на канабисот

од Nikola Popovski

Социјалдемократската младина на Македонија во петок (28-ми мај) ќе организира јавна трибина на тема: Легализација на канабис.

„Трибината ќе се одржи со почеток од 17:00 часот, на Зелениот кров на Дом на градежници. Поради мерките за заштита од Ковид 19, бројот на учесници со физичко присуство ќе биде ограничен, а настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на СДММ“, стои во описот на настанот, кој е објавен на Фејсбук.

Според објавеното, говорници на јавната трибина ќе бидат д-р Нино Васиќ, Хајди Штерјова Симоновиќ – ХОПС, Огнен Узуновски – ЗНАМ/Операција ослободување и Коста Петров од СДСМ.

Слични содржини