СДСМ: Ја нема фабриката за автобуси што Мицкоски ја најавуваше

од Nikola Popovski

Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос, објавија утрово од СДСМ.

Од владеачката партија се децидни дека нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси и дека ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше.

-Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода, порачуваат од СДСМ.

Веќе осум дена како на скопските улици не сообраќаат автобусите на приватните превозници. Приватните превозници вчера со триесетина автобуси ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје.

Слични содржини