СДСМ ќе ги вложи сите напори да ги спречи учениците на Груевски повторно да ја заробат државата, порача Ковачевски

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја коментираше вчерашната одлука на Апелација за укинување на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ и враќање на предметот на повторно судење.

-Погледнете што ни се случи вчера. Тоа беше тешко да се проголта и јас сум навистина разочаран. Ден на пораз на правната држава и уште еден доказ на граѓаните во ниската доверба во правосудните органи. Судството мора да најде начин да е поефикасно и да сработи многу подобро и побрзо во интерес на правдата и граѓаните. Јас секогаш кажувам – судстовто е независно и нема да се мешам во ниту еден судски процес. Судницата не е место за решавање на политички проблеми. Ако некој се плаши од враќање на стариот режим – одговорот лежи на избори. Затоа СДСМ ќе ги вложи сите напори да победи на следните избори во 2024 година и да ги спречи учениците на Никола Груевски да се вратат на власт и да ја заробат повторно државата, рече Ковачевски на националната партиска трибина на СДСМ во Скопје.

Слични содржини