СДСМ: 2019 година беше година на огромни успеси во здравството

од Vladimir Zorba

„Со политиките на СДСМ, 2019 година беше година на огромни успеси во здравството, година на раст на плати, обезбедување на нова опрема во болниците и подобри услови во јавните здравствени установи“, соопштуваат утрово од СДСМ.

„Од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати, а со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници благодарение токму на СДСМ.

Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, преку грижата и реформите на СДСМ, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките, додека на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.

Како одговорна политичка партија, СДСМ го мотивира медицинскиот персонал да биде среќен и исполнет во својата професија, поради тоа што само задоволни лекари и медицински сестри може да значат задоволни пациенти.

За прв пат обезбедени се средства за сите приватни специјализанти и денес младите специјализанти не работат за без пари туку за месечен надоместок во висина на просечна плата на општ лекар.

Се зајакнува здравствениот систем во нашата држава преку вистински здравствени политики“, се додава во соопштението.

Слични содржини