СДСМ: 9242 денари месечен надомест за дополнителни 1100 стечајци

од Nikola Popovski

Помош и поддршка за ранливите категории останува наш врвен приоритет од кој не отстапуваме. За таа цел, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци, велат од владеачката партија преку соопштение.

Според нив, дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување со овие измени.

-На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус. Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните, стои во партиското соопштение.

Слични содржини