СДСМ: Апсење новинари, упади и затворање медиуми е одлика на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици, таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност, цели 11 години, реагираат од СДСМ по нападите на ВМРО-ДПМНЕ дека лидерот Зоран Заев етикетира новинари.

„Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи.За разлика од таквото темно минато, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а бројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.Тоа, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере, ниту пак да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години“, соопштија од СДСМ.

Слични содржини