СДСМ: Арсовска да го разреши незаконски поставениот генерален секретар

од Берта Китинска

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го поставија за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, избран од граѓаните на последните локални избори.Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како советник. Ова не е само неетички, туку е и спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, соопшти СДСМ.

„Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за ова очигледно непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции, а секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски треба да сдаде оставка од позицијата секретар на Град Скопје.

Слични содржини