СДСМ: Арсовски призна вмешаност на ВМРО-ДПМНЕ во „Криминални парцели“

од Nikola Popovski

Обидувајќи се невешто да го одбрани својот шеф на партијата во скандалот „Криминални парцели“, Мицкоски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ практично призна вмешаност на видни членови на партијата во скандалот „Криминални парцели“, порача синоќа од СДСМ.

Партијата тврди дека Арсовски не се осмелил да негира дека членови на партијата блиски до Мицкоски се осомничени за една од поголемите криминални афери тешка милиони евра.

-Тој попусто се труди да прикаже некаков монтиран случај. Овој скандал кој јавноста го дозна уште пред неколку месеци мора да биде расчистен, ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз истражните институции.

Сите информации кои излегоа во јавноста и ги пласираа медиумите уште пред неколку месеци јасно укажуваат на организирана криминална акција во кој повќе лица блиски или директно членови на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од владеачката партија.

Слични содржини