СДСМ: Автокефалноста на МПЦ – ОА е важен историски настан, резултат на сите досегашни напори и процеси спроведени во државата

од Берта Китинска

СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им го честита прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија со уверување дека со заеднички напори на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, Синодот и државниот врв наскоро ќе дојде до потпишување на Томосот за целосно признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.

-Со прифаќањето на МПЦ – ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ ОА.Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблирањето на МПЦ-ОА како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ ОА и ние како народ, граѓани и држава, велат од владејачката партија.

Слични содржини