СДСМ: Беа уредно поканети, но Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ повторно ѝ свртеа грб на Армијата

од Nikola Popovski

Политичкиот дезертер од АРМ Драган Ковачки и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно и свртеа грб на Армијата, повторно обвинија денеска од СДСМ.

Според владеачката партија, иако биле уредно поканети, ниту Ковачки ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност не присуствувале на денешната воена вежба на Армијата со новото македонско оружје.

-Со тоа им свртеа грб на македонските војници. Можеа Ковачки и пратениците да дојдат барем да им честитаат на припадниците на вториот баталјон од Првата пешадиска бригада на Армијата за успешно изведената вежба. И не само што е дезертер и лажен генерал, Ковачки бил сакциониран за навреди и закани. Тоа е лицето на двоецот Мицкоски-Ковачки, закани, шпионирање, клеветење и дезертерство?, прашаа од „Бихаќка“.

 

Слични содржини