СДСМ: Битката за мнозинството во Советот на град Скопје не е завршена

од Nikola Popovski

За мнозинството во Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела, по што ќе видиме кој има реално мнозинство, рече Љубица Јанчева од СДСМ како реакција на денешните изјави од ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната опозиција во македонското собрание, согласно бројот на освоени гласови, има апсолутно мнозинство градскиот совет.

Како што знаете, вели таа, ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места.

-Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.

Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок.

Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години“, порача Јанчева додавајќи дека Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не, како што рече, како метропола на кичот и барокот, вели Јанчева од СДСМ.

 

Досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје, соопштија од Левица.

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население, додава партијата на Апасиев.

Левица инаку вчера излезе со став пред претстојниот втор круг на локалните избори во кој, според нив, партиските симпатизери треба „да гласаат по сопствено убедување“, но…

Слични содржини