СДСМ: Бројни се активностите за поддршка на земјоделците

од desk4

Поддршка за земјоделството преку бројни активности, како што се исплати, јавни повици и мерки кои имаат за цел – финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, информираат од СДСМ.

„Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу 4 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс на располагање се ставени уште 3 милијарди денари за градинарите, сточарите, овоштарите и лозарите. Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат 115 милиони евра на над 66.000 земјоделци“, рече на прес конференција Никица Бачовски, член на извршниот одбор на СДСМ.

Дополнително, во следните денови ќе започне надополнувањето на картичките за зелена нафта, ивестиција вредна 3 милиони евра со која ќе бидат опфатени над 50.000 земјоделци.

Од денес се објавени и јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште до 3 хектари.

Слични содржини