СДСМ: Четири години покажуваме како се работи одговорно, за нас зборот е збор

од Берта Китинска

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто, соопштија од владејачката партија.

-Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите предводени од СДСМ секогаш стојат на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.

За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а континуирано вложуваме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина.

Четири години покажуваме како се работи одговорно, посветено и во интерес на граѓаните и тоа ќе продолжиме да го правиме во иднина.Затоа СДСМ го има најдоброто за граѓаните, најдоброто за економијата, најдоброто за нашата држава, стои во соопштениеот на СДСМ.

Слични содржини