СДСМ да го прифати планот на Мицкоски за справување со енергетската криза, бараат од Белата палата

од Vladimir Zorba

СДСМ мора да ги прифати барањата на општините за ставање на регулиран пазар не само на училиштата, туку и на јавните претпријатија. Со популистички мерки кои ги носи владата нема да се реши хаосот кој се случува со енергетската криза, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо СДСМ да нуди мерки од кои никој нема реална придобивка, да се охрабри, да се надмине себеси и да го прифати планот за справување со енергетската криза кој го понуди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, бараат од опозицијата.

Со овој план, според Белата палата, ќе се обезбеди двојно поевтина струја за стопанствата и граѓаните, а ќе се зачуваат и многу работни места.

Слични содржини