СДСМ: Дел од нашиот концепт е парите кај граѓаните, а повеќе пари во џебот на работниците

од Nikola Popovski

„Економските мерки и политики што ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат. Бележиме постојан раст на платите и во услови на пандемија. Просечната месечна нето-плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година“, стои во соопштението на владеачката СДСМ.

Дел од нивниот концепт е парите кај граѓаните, повеќе пари во џебот на работниците.

„Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година е забележана сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%. Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата. Раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто. Покрај сите можни блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, успеавме да реализираме мерки кои дадоа резултат. Спасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400.000 граѓани и 35.000 компании. Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите. Македонската економија се враќа на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања. Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни мерки и политики што создаваат услови за градење стабилна и развојна македонска економија“, велат од СДСМ.

Слични содржини