СДСМ: Додека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат граѓаните трпат штета

од Radmila Tasevska

ВМРО-ДПМНЕ за една година компелетно го блокираше животот и развојот на главниот град, скопјани не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт, која знае само за неработење, хаос, кавги за тендери и бизнис влијанија велат од СДСМ.

„Во Град Скопје продолжува хаосот поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоаначалник Христијан Мицкоски.

За една година ВМРО-ДПМНЕ комплетно го блокираше животот и развојот во главниот град.

Го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните.

Скопјани се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а ништо не е подобра ситуацијата и во други јавни градски претпријатија.

Додека Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат, меѓусебно се клеветат и закануваат, граѓаните трпат штета.

Скопјани не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт, која знае само за неработење, хаос, кавги за тендери и бизнис влијанија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Слични содржини