СДСМ: Дополнителни 3.000 денари за ранливите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа

од Nikola Popovski

СДСМ објави дека парламентарното мнозинство предводено од нивната партија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, со кои им се помага на граѓаните полесно да се справат со економските последици од глобалната криза.

Според партијата со овие измени околу 35.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош во наредните три месеци ќе добиваат дополнителни 1.000 денари месечно на своите сметки.

-Ова е една од низата мерки, кои СДСМ ги реализира во време на криза за заштита на стандардот на граѓаните, меѓу кои се и укинување на ДДВ за основните продукти и субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица уште еднаш ја покажаа својата неодговорност и ја напуштија салата кога се гласаа измените и дополнувањата со која ранливите категории граѓани добиваат дополнителна поддршка од 3.000 денари.

СДСМ континуирано на дело покажува вистинска посветеност во борбата против сиромаштијата и заштита на ранливите категории граѓани, се вели во соопштението од „Бихаќка“.

Слични содржини