СДСМ: Економските мерки даваат резултат, 738 компании ја искористија помошта преку кредитната линија „Ковид 1 “

од Берта Китинска

Владата предводена од СДСМ покрај грижата за здравјето на граѓаните дава реална поддршка за граѓаните и компаниите кои се економски погодени од кризата.Во таа насока е преземањето на навремени и ефикасни мерки со цел побрзо справување со негативните економски последици, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека потврда за тоа е и целосната реализација на првата бескаматна линија кредити за поддршка на микро, малите и средни претпријатија од најпогодените сектори – угостителство, туризам, транспорт.

„При тоа, со оваа кредитна линија позната како “Ковид1” поддржани се 738 микро, мали и средни компании со 6.524 вработени.

Вкупниот износ на доделени бескаматни кредити преку линијата “Ковид 1” изнесува 5,54 милиони евра, а просечен износ на даден кредит е 7.500 евра.

Од вкупно одобрените барања, оваа кредитна линија во износ од 3 милиони евра, ја искористиле 373 претпријатија од дејноста на угостителство, 320 претпријатија од дејноста на транспортот во износ од 2,3 милиони евра и 43 претпријатија чијашто дејност е туризмот добиле бескаматен кредит во износ од 252 илјади евра.

Владата предводена од СДСМ дополнително предложи уште 107 кредитни апликации со вкупно 936 вработени, во износ од 776 илјади евра.

Ова воедно претставува конкретна помош за спас на илјадници работни места и конкретна помош за нашето домашно стопанство.

Дополнително, на фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку Развојната банка во износ од 8 милиони евра.СДСМ како и досега ќе продолжи со одговорно и конструктивно делување со цел полесно надминување на последиците предизвикани од коронавирусот.За СДСМ секој граѓанин и секоја компанија е важна“, велат од СДСМ.

Слични содржини