СДСМ: ЕСМ за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра

од Vladimir Zorba

„Реформите што СДСМ ги презема во полето на енергетиката даваат реални резултати. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше зависна од увоз на скапа струја, денес државата произведува и продава вишоци струја“, велат утрово од партијата на власт.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во септември дури 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е произведена од домашни извори.

Во првите девет месеци од годинава увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека, извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто во споредба со истиот период лани.

ЕСМ досега за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога ЕСМ трошоше пари на паркови и рајски градини, денес ЕСМ вложува пари во мерки против аерозагадувањето.

Официјалните податоци покажуваат дека одговорните домаќински политики во енергетиката се на прав пат, расте извозот на струја а цената на електричната енергија е најевтина во Европа“, се додава во соопштението.

Слични содржини