Актуелно
Почетна / Македонија / СДСМ: Го победивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати

СДСМ: Го победивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека Македонската иднина е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт.

„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“, велат од СДСМ.

loading...