СДСМ го прашува Муцунски дали бесправно отстранувал „легнати полицајци“

од Vladimir Zorba

„Муцунски како градоначалник на општина Аеродром досега единствено што оствари како проекти се уништени паркови, отпад низ општината, неискосени тревници, искршени клупи и детски игралишта. Но, ова не се единствените проекти на Муцунски, тој низ општината на неколку локации постави технички средства за забавување на сообраќајот (легнати полицајци), но дали дел од нив беа и незаконски и дивопоставени?
За да биде иронијата уште поголема истите незаконско поставени легнати полицајци преку ноќ се отстранети. Дали Муцунски се премислува каде да поставува и каде да отстранува легнати полицајци притоа без соодветна дозвола од надлежните институции?“, прашуваат од СДСМ.

„Затоа го прашуваме Муцунски дали самоволно преземал мерки за регулирање на состојбите со поставување технички средства за забавување на сообраќајот (легнати полицајци), без притоа да немал соодветна дозвола добиена од Министерството за транспорт и Министерството за внатрешни работи?

Исто така, поставувањето „легнати полицајци” треба да биде во согласност со сите стандарди и норми за нивно поставување предвидени со Правилникот.

Ова е урбано дивјаштво кое доаѓа од никој друг туку од првиот човек на општината. Легнати полицајци не се поставуваат како ќе му текне на некој градоначалник.

Крајно време е да се стави ред и да се воведат норми, стандарди и одговорност, Муцунски наместо да работи за она што е избран, тој се занимава со работи за кои што не е ниту надлежен“.

Слични содржини