СДСМ: Градоначалникот Јовчески го стимулира урбанистичкоит хаос во центарот на Прилеп

од Vladimir Zorba

Не само што покажа неспособност да реализира барем еден од ветените проекти,туку градоначалникот Борче Јовчески манифестира и отсуство на било каква желба да го одржува редот во урбаното живеење. Со амин на градоначалникот Јовчески, во централното градско подрачје се случува урбанистички хаос. Иако во повеќе наврати алармиравме на дивоградбата која пред очите на граѓаните и на локалните власти никна во строгиот центар на градот, поточно на доградбата со која значително се зголеми површината на некогашниот дуќан на „Кам маркет“, состојбата на терен е непроменета, велат од СДСМ.

„После извршениот вонреден инспекциски надзор, овластениот градежен инспектор на Општина Прилеп констатирал дека доградбата на деловниот
објект се вршела без одобрение за градење. Од таа причина, инспекторот изготви Решение со кое на инвеститорот „Мип – Марфил“ му наредува во рок од 30 дена да ја отстрани дивоградбата. Меѓутоа, како што и самите можете да видите, ниту после 3 месеци од донесеното Решение и изречената инспекциска мерка, дивоградбата не е отстранета“, додаваат оттаму.

Слични содржини