СДСМ: Градоначалникот на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ осомничен за злоупотреба на половина милион евра

од Берта Китинска

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за граѓаните, работат само за своите и партиските интереси.Како што објави, Јавното обвинителство отвори истрага против градоначалникот на општина Петровец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски и неговиот брат, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари, велат од СДСМ.

-Градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години, потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми, чиј вистински сопственик е неговиот брат.Го охрабруваме надлежното јавно обвинителство до крај да ги истражи овие индиции за сторен криминал на штета на општината и граѓаните.Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Христијан Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот, велат од влаедјачката партија.

Оттаму посочуваат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажале како најнеспособни, за шест месеци мандат бидејќи не е реализираа ниту еден проект.

Слични содржини