СДСМ: Груевски стои позади утрешните протести, Мицкоски е само извршител на неговите желби

од Nikola Popovski

„Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој“, соопштуваат од СДСМ.

Според нив, утрешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на осудени лица за тероризам покажуваат дека Христијан Мицкоски е само потрчко, извршител на желбите на Груевски.

„Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта.

И покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научи лекцијата, не сфати дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, дека народот не дава доверба на политичари кои работат на штета на граѓаните и државата“, реагираат од владеачката партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на масовно присуство и поддршка на протестот на кој ќе биде испратено барање за слобода на уставобранителите, а што ќе се одржи в недела со почеток од 11 часот пред Владата.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11:00 часот пред Влада“, порача синоќа Мицкоски.

Слични содржини