СДСМ и ДУИ против идејата за „широка коалиција“!

од Destan Jonuzi

Најголемите партии на Владината коалиција СДСМ и ДУИ се противаат на идејата на пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов за широка владина коалиција.

Од СДСМ за „Локално“ кратко изјавија дека не ја поддржуват идејата за „широка коалиција“.

Партиски извори од ова партија велат дека не може да коалицираат со партии кои се анти-европски настроени и кои го кочат прогресот на државата. Додека вратата, како што вели нашиот извор, останува отворена за сите останати прогресивни политички сили во државата.

Истото го велат и од ДУИ. Партиски извори од ова партија посочуваат дека коалицијата ја има потребната поддршка во Собранието.

Оттаму додаваат дека сите тие што сакаат да и помогната на државата во овие клучни моменти на економска и енергетска криза може да делуваат со конструктивно делување и надвор од иституциите.

Д.Ј.

Слични содржини