СДСМ излегува меѓу граѓаните, дали подготвуваат терен за предвремени избори?

од Destan Jonuzi

„Tрибините не се новина за СДСМ“, изјави за „Локално“, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, запрашана дали започнувањето на граѓанските трибини „За иднина на државата“ означуваат сигнал за предверемени парламентарни избори.

– Ние сме постојано на терен во комуникација со граѓаните и ова е уште една можност одблиску да ги претставиме нашата цел и визија за иднината на државата, изјави Кузеска.

Инаку, СДСМ од денес почнува граѓански трибини за политиките на партијата и за иднината на државата.

– СДСМ од денес започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. Визија зе економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет, соопштија од СДСМ.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера при најавата на трибините соопшти дека неговата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет.

„Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ“, порача Ковачевски пред денешниот настан во 18.30 часот во Домот за културата во Битола.

Д.Ј.

Слични содржини