СДСМ: Извршителот Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ, тој и Груевски ја поскапеа струјата и го ограбија народот

од Ивана Рамаданова
Извршителот Мицкоски, советникот на Груевски за енергетика, беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и водеше катастрофална енергетска политика. Во негово време цената на струјата растеше, а тој со професорска плата стана сопственик на хидроцентрали, стои во соопштението од СДСМ.
„СДСМ за 2,5 години ги реализираше ветувањата дадени кон граѓаните, како што е враќањето на ефтината тарифа на струјата, одржувањето на цената на електричната енергија на исто ниво, кое е најниско во Европа. СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25 проценти, увозот достигна огромни 38 проценти. ЕСМ (ЕЛЕМ) сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.
Од таму додаваат дека оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции за гасификацијата, за обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски“, додаваат од СДСМ.

Слични содржини