СДСМ: Извршителот Мицкоски е очаен губитник кој не успеа да го спаси криминалот на Груевски

од Vladimir Zorba

„Извршителот Мицкоски денеска покажа колку е очаен губник, покорен од сите негови порази и најсилниот пораз за него, што не успеа да го спаси својот шеф, Никола Груевски“, реагираат од СДСМ на пресот на Мицкоски.

„На 12 април за извршителот Мицкоски доаѓа нов пораз, од граѓаните, кои силно ќе му порачаат дека не сакаат назад во изолација, дека не сакаат криминал туку правда, дека не сакаат во изолација туку во ЕУ и НАТО.

Денеска во Собранието победи правдата, победи извесната европска иднина на државата, а загуби одбраната на криминалот.

Огромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Желбата за правда ја победи желбата за крадење пари.

Извршителот Мицкоски направи се да го спречи носењето на овој закон, да ги исполни желбите на неговиот шеф и да одбрани криминал. Не успеа! Не дозволивме да се загрози правдата, не дозволивме да се загрози европската иднина на земјата.

Секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Тоа е најголемата болка на извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

За помалку од три години Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев јавноста можеше да види што значи одговорност, храброст и работа во интерес на државата.

Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слободна, демократска, економски напредна држава.

Граѓаните видоа дека за само 2,5 години со СДСМ е можно економијата од -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ да порасне и до +4%, платите да растат во сите сектори, минимиалната плата да порасне за 60%, пензиите да се покачат за 700 денари, социјалната помош да се покачи за 300%.

Но за две години граѓаните видоа и како погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ раководено од извршителот Мицкоски, а управувано од Будимпешта доживуваат целосен неуспех.

Мицкоски не успеа да го одбрани криминалот на режимот на Груевски и неговите пајташи. Мицкоски не успеа да го спречи членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, не успеа повторно да не скара со соседите, не успеа државата да ја врати во изолација.

Граѓаните, државата се цврсто определни да одат со крупни чекори напред и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги вратат чекори назад.
Нема застанување, продолжуваме со крупни чекори напред. На 12 април граѓаните ќе порачаат: режим никогаш повеќе!“, додаваат оттаму.

Слични содржини