СДСМ: Ја разбравме пораката од народот и веднаш постапуваме

од Nikola Popovski

Борбата на Владата предводена од СДСМ за еднакво општество за сите е можна само ако имаме градска власт која го негува тој концепт, наместо националистите во градот Скопје кои сакаат да го загрозат тоа, велат од владеачката партија преку соопштение.

Од „Бихаќка“ истакнуваат дека СДСМ ја разбра пораката од народот и по неа веднаш постапува.

-И понатаму внимателно ќе го слушаме гласот на народот. Видовме што е граѓанството во град Скопје. Знаеме дека ништо не сме ние без граѓаните, затоа што граѓаните знаат се.

За таа цел се формира граѓански совет каде ќе се одлучуваат важните работи како буџет, програми, ребаланс на буџетот и ќе се носат важни политички одлуки од советот на општината, па потоа градоначалникот ќе спроведува.

Видовме колку се моќни граѓаните, тие мора да бидат вклучени целосно во процесите на одлучување.

СДСМ и коалицијата се обединуваат за да продолжи напредокот на општините, за да продолжи развојот на Град Скопје, за да продолжи интеграцијата на државата, стои во партиското соопштение.

Слични содржини