Граѓаните не даваат поддршка на антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ и не ја поддржуваат нивната обнова на режимот.

Потврда за тоа е вчерашниот дебакл на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, со очајно ниска посетеност.

Иако претходно беше најавено дека на средбата ќе учествува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, тој на крајот не се појавил меѓу граѓаните на Берово.

Очигледно свесен дека нема поддршка Јанушев не се појавил иако претходно бил најавен на официјална прес конференција на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прочитани. Граѓаните гледаат дека тие немаат програма, немаат идеја, немаат план, туку нудат само обнова на режимот, одбрана на криминалот и враќање назад, во темното минато на изолација и неизвесност.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува само пораз на изборите на 12 април во Берово но и ширум земјава.

СДСМ полни сали насекаде, во секој град и населено место, ВМРО ДПМНЕ граѓаните го избегнуваат.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и на 12 април ќе потврдат дека државата е правиот пат, на патот на повисоки плати, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини