СДСМ: Како партија на власт се залагаме за деполитизирана и департизирана администрација

од Andreja Salpe

СДСМ преку соопштение реагираат на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Остануваме доследни на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика и секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место, велат од СДСМ

,,Непотизамот и богатењето на функционерите беше одлика на ВМРО ДПМНЕ, кои наместо интересите на граѓаните, ги интересираа само бизнис интересите на нивните функционери, реагираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Штип, на прес- конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо за партиски вработувања во Јавните претпријатија, ги повикуваме да објаснат на штипската јавност како незаконски ги покачија паушалите на членовите во Управниот одбор на ЈП Исар кога тие беа на власт , од 3500 денари на фантастични 11.000 денари кои не биле исплаќани во времето кога биле на власт, па вмровските челници дури подоцна си ги побараа на суд. Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни. Сите вработувања се согласно план, програма на самата институција и за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика и секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место. Како партија на власт се залагаме за  деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност”, стои во соопштението

Слични содржини