СДСМ: Ќе формираме влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните

од Берта Китинска

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, порачаа од СДСМ.

Подготвени сме, велат да работиме уште повеќе и подобро и да го испорачаме резултатот кој го очекуваат граѓаните.

„Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство. Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот“,наведуваат од СДСМ.

 

Слични содржини