СДСМ ќе ги активира и врати пасивните членови, порачува Ковачевски

од Nikola Popovski

Со Заев сум партиски другар од самиот почеток. За него имам голема лична, етичка и политичка почит, со оглед дека тоа е човекот кој ги донесе најтешките одлуки за државата, благодарејќи на кој станавме членка на НАТО и се наоѓаме на чекор од почнување преговори со ЕУ, вели кандидатот за лидер на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски во емисијата „24 анализа“.

Тој истакнува дека неговиот личен однос со премиерот Зоран Заев бил граден врз основа на вредности, принципи и искреност.

Во однос на релациите со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, Ковачевски вели дека ќе мораат да ги консолидираат редовите внатре.

-Секој член внатре да биде слушнат и неговото мислење да биде валидно и тој да види дека тоа се применува како пракса. СДСМ е голема партија и вообичаено кога ќе дојде на власт, голем дел од оние што биле дел од партиските тела, преземаат функции и се намалува нивната функција во партијата. СДСМ треба да ги активира преку разговор и нов систем на активизам во партијата, сите оние кои станале пасивни во изминатите 4-5 години. Да ја отвори партијата кон експерти и луѓе и кои ќе предложат политики, по кои партијата ќе биде препознатлива, констатира Ковачевски.

Слични содржини