СДСМ: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица сака да го попречи европскиот пат на земјата

од Nikola Popovski

Лицемерно Христијан Мицкоски, декларативно се залага за членство на државата во ЕУ, а во пракса ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и прави се за да ја загрози европската европската иднина, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата на власт порачуваат дека Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.

-ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија. Мицкоски е заложник на популистичката реторика на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреварува во блокади и деструкции за попречување на европската иднина на државата, потенцираат од СДСМ, додавајќи дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција за враќање назад.

-Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата, стои во партиското соопштение.

Слични содржини