СДСМ кон Мицкоски: Попис ќе има бадијала кочиш и блокираш

од Берта Китинска

Како по обичај, докажаниот губитник Христијан Мицкоски секогаш работи против интересите на граѓаните и државата.Единствениот кој го политизира спроведувањето на пописот е самиот Мицкоски затоа што не знае ништо друго освен да кочи и блокира се што е ваѓно за државата, стои во соопштението на СДСМ по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на ТВ Сител дека пописот се турка насилно и дека станува збор за политичка операција.

-Несериозно е да се бара методологија за пописот кога се уште не е донесен ниту Законот за попис на населението, а уште понесериозно и понеодговорно е да се тврди дека попишувањето ќе се одвива само преку матичен број на граѓаните.Пописот ќе се спроведе согласно прописите на Евростат, а податоците ќе бидат споредени со базите на 10 различни инситуции, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ако Мицкоски навистина не знае кои се тие институции кои имаат податоци за граѓаните, како што тврди, тогаш тие го упатуват помош да побара од правната служба во сопствената партија.

-Заканите за собирање потписи за наводни референдуми, па потоа за законски решенија не се ништо друго освен очаен блеф на Мицкоски кој преку ова гледа начин да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Република Северна Македонија оваа пролет ќе спроведе попис на населението по цели 19 години, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени. И по шест порази. Мицкоски не ја учи лекцијата, не разбира дека со деструктвност и ситно политиканство не може ништо да постигне, велат од СДСМ.

Слични содржини