СДСМ: Лефков призна дека Ковачевски нема поврзаност со фирмата

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ се изгуби во сопствените конструкции и фабрикувани лаги со кои неосновано го напаѓаше претседателот Димитар Ковачевски, велат од СДСМ во врска со обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во врска со аферата „Броило“.

-Денеска пратеникот Миле Лефков на прес – конференција призна дека Ковачевски нема никаква поврзаност со фирмата што ВМРО-ДПМНЕ ја спомнува.Миле Лефков наместо да извршува нарачките од неговиот шеф, да побара од Мицкоски, струјата од хидроцентралите бесплатно да им ја отстапи на граѓаните.Ете им шанса на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат одговорност и да им помогнат на граѓаните во време на светска економска и енергетска скриза, посочуваат од владејачката партија.

Слични содржини