СДСМ: Македонскиот јазик е обезбеден во ЕУ, продолжуваме да го штитиме и унапредуваме

од Nikola Popovski

СДСМ испрати честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

-На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата.

По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот.

По 20 години на Институтот за македонски јазик, овозможивме вработување на 17 млади луѓе, со што ја докажуваме грижата за македонскиот јазик на дело, изјави Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, грижата не застанува тука.

-Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески.

Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата, рече Лазаревска од седиштето на СДСМ.

Слични содржини