СДСМ: Масовно, гордо и достоинствено одбележан Денот на Републиката

од Vladimir Zorba

Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката, соопштуваат утрово од СДСМ.

„Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава.

Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.

Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел“, додаваат оттаму.

Слични содржини