СДСМ: Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ а колку кај Груевски?

од Nikola Popovski

Христијан Мицкоски во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски беше претседател на управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво Електрани на Македонија. Да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ, а колку земаше за да го советува Груевски?, прашуваат од СДСМ.

Владеачката партија бара јавноста да знае „колку бил платен Мицкоски, како експерт за енергетика и директор кога без криза струјата поскапе за 100%“.

-Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграден додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. Ама затоа универзитетскиот професор Мицкоски, кој вели дека живее од професорска плата, си игради хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направи ништо, истакнуваат од партијата од „Бихаќка“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред два дена обелодени дека неговата плата е двојна помала од таа што ја земаат некои директори.

-Наместо да се солидаризираат, слушам еден од тие вчера вели дека мала била директорската плата од 80-90 илјади денари. Јас сум редовен професор на универзитетот и мојата плата како доктор на науки, како редовен професор, кој што треба да биде педагог и да образува луѓе, е двојно помала од таа. Сега замислете со што заслужил тој да има двојно поголема плата од редовен професор и неколкукратно поголема плата од работниците. Тажно и жално е тоа, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање при посетата на општина Зрновци.

 

Слични содржини